На повидок дуетска песна од Влатко и Анета?!

Велат кога од грлата на Влатко Миладиноски и Анета Молика ќе се испее некоја убава македонска народна песна, тогаш никој не останува рамнодушен. И навистина е така.

Доказ за тоа е и нивниот последен заеднички настап во Битола на „Иселеничка средба“, каде пееја пред преполна сала, пред голем број нашинци од дијаспората, а публиката уживаше во сето она што го слушаше.

Фотографијата објавена од двајцата ги израдува љубителите на македонската народна песна, па во коментари прашуваат: Кога би снимиле и дует песна?

-Поминавме навистина една прекрасна вечер со нашите Македонци. Прво морам да кажам дека секоја нова изведба на песната со која победив на „Гоце Фест“, „Велат не нема“, се повеќе ми ја полни душата, кога гледам како е прифатена кај публиката. Што се однесува до заедничката фотографија со Анета, навистина ми е мило што почитувачите на нашата работа бараат дуетска песна од нас. Ние се познаваме долго време, соработуваме одлично, па зошто и да не размислуваме во тој правец, ако тоа од нас го бара секој оној кој ја цени нашата музика и работа, вели Влатко, кого го добивме за краток коментар.

Имајќи предвид колку голема популарност уживаат Влатко и Анета со своите хитови, една заедничка соработка навистина би била вистинско освежување на нашата фолк сцена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*