Спасе Матлијоски најбаран на голем број манифестации

Буквално е баран на сите големи манифестации во охридско –струшкиот регион, па успева да стигне и да се појави насекаде каде што ќе го побараат. Спасе Матлијоски бележи бројни настапи во летниов период, при што пубиката ајповеќе ги бара повеќето негови хитовски рефрени.

-Летово е сега баш во жетвата, во шпицот. Доста свирки, свадби исто и во црквите за празници и секакви веселби, но најдовме време и да снимиме нешто и за гледачите. Во нашиов регион се организираат доста веселби во цркви за празници. Секоја година сум во различни места, не се повторуваме на исто место. Во нашиов крај се организираат доста прослави и претежно сум на такви места, вели Спасе.

Освен неговите песни кои ги бара публиката од Спасе, тој изведува песни и од неговите колеги кои се хитови и барани по настапите. Инаку Спасе Матлијоси бележи плодни 15 години на македонската музичка сцена. Досега има еден албум а во подготовка е и со неговиот втор албум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*