“Мило внуче ми се роди” е насловот на првата песна од Благојче Матлијоски

“Мило внуче ми се роди” е насловот на првата песна од Благојче Матлијоски. Како што открива тој, инспирација му биле двете внучиња, близначиња кои пред извесно време ги доби неговиот брат Спасе.

Младиот и талентиран Благојче Матлијоски во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата прва песна која носи наслов “Мило внуче ми се роди”. Неговите очекувања се песната да биде добро прифатена и слушана од страна на публиката.

-Очекувањата се публиката да ја прифати добро, да биде промовирана и барана на крштевките и слични веселби каде што се случуваат убави моменти.-истакна Благојче, ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Песната е дело на Благоја Кајмакоски кој е автор на текстот и музиката, а аранжманот го направи познатиот музичар Златко Миладиноски. Христијан Матлијоски отсвири саксофон и кларинет.

-Инспирација за оваа песна беа всушност внуците кои што братми ги доби пред извесно време, па мојот татко стана дедо и песната му ја посветувам него, како и на сите дедовци кои што си имаат мили внучиња.-додава тој при интервјуто.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*