Наследничката на Драгана Мирковиќ станува ѕвезда?

Додека Анастасија Ражнатовиќ, Елена Китиќ, Николија Јовановиќ, Стефан Живојиновќ започнаа со музичка кариера, децата на сопственичката на ДМ САТ се непознати за јавноста.

Мануела и Марко, децата на Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, сеуште не искажуваат желба да станат дел од јавниот свет.

Имено, неодамна Мирковиќ со семејството присуствуваше на забава на еден познат дизајнер кој и понудил на незината ќерка да се занимава со манекенство, но таа ја одбила понудата.

Тој беше воодушевен од мојата ќерка Мануела која порасна во прекрасна и згодна девојка висока 182 сентиметри. Ја праша дали е заинтеренсирана да се занима со манекенство, а таа срамежливо одговори дека не размислува за тоа. Инаку, сите во Монте Карло и се приближија со предлози да се проба како манекенка. Засега таа нема таква желба и морам да признам дека ми е драго, а дали ќе го промени мислењето зависи од неа, вели Драгана Мирковиќ за Стори и додава:

„Мануела има време да се одлучи по кој професионален пат ќе оди, но мислам дека ќе се занимава со некоја уметност. Тоа ќе биде нејзина одлука, јас и Тони нема да се мешаме, додава Мирковиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*