Силви бенд: Изминатите години се твореа многу поквалитетни композиции за разлика од денес

Кога се појавија на македонската музичка сцена пред 30-тина години, детерминираа нов музички правец во забавната песна. Силви Бенд зад себе имаат бројни хитовски рефрени кои оставија длабока трага во забавната музика а со тоа наметнаа и патека по која се движеа нивните следбеници. Денес Силви и Влатко, сеуште творат и создаваат вредности, но како што велат не е како на почетокот пред неколку години.

-Нема некоја оригиналност, мора да кажеме. Ако зборуваме од една поголема временска дистанца, навистина многу поквалитетни композиции се твореа во тоа време, тие години. Луѓето некако искрено одеа со песна и се имаше музички криетриум, тврди Влатко.

За разлика од денес, Влатко додава дека се изгубило премногу на квалитет.

-Имаше период позади нас од неколку години кога се случи буквален застој. Застој во смисла на можности за нас артистите и композиторите. Не дека не се твори и нема композиции, има. Има и идеи и луѓе кои што работат, творат, прават албум но нема каде да се пласира. Се случи во меѓувреме да немаме ниту една музичка емисија, да немаме шоу во кое што би можеле да гостуваме во живо да ги изведеме тие наши композиции или воопшто да ги пласираме и промовираме, истакнува Силви.

Додека пак сосема спротивното се случувало во тие моменти во нашето соседство, како што вели Силви се случуваше хипер продукција една плејада на шоу програми, каде што нашите пејачи беа принудени да отидат таму. Притоа вели Силви на сите тие шоуа, нашите деца се победници, факт но и парадокс поради сето тоа што го нема во нашата земја. Силви и Влатко искрено изразуваат надеж дека повторно ќе се врати сето тоа што од поодамна недостасува во македонскиот етер, особено поголем промоција на македонската музика, низ повеќе музички емисии.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*