Деми Ловато е во стабилна состојба по хоспитализирањето поради предозираност

Латиноамериканската поп-пејачка Деми Ловато е во стабилна состојба, контактибилна и опкружена со семејството, по хоспитализирањето завчера откако наводно се предозирала, соопшти нејзиниот портпарол.

– Деми е будна и е опкружена со семејството, кое сака да ви се заблагодари на сите за искажаната љубов, молитви и поддршка – изјави нејзиниот претставник. Тој притоа замоли да се почитува нејзината приватност и да се избегнуваат шпекулации.

Ловато, инаку, не ги крие своите склоности кон дрога и алкохол. За тоа говореше и во нејзиниот документарец од 2017 година.

Во новата песна под наслов „Sober“ (Трезна), таа, меѓу другото, вели: „Мамо, жалам што не сум трезна повеќе. Простете ми за истурените пијалаци на подот.“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*