Стојне Николова со големи очекувања од песната “После мене”

Стојне Николова со големи очекувања од нејзината најнова песна која носи наслов “После мене”. Се надева дека публиката одлично ќе ја прифати песната и дека ќе биде доста слушана.

Пејачката Стојне Николова пред извесно време ја промовира најновата песна “После мене”, заедно со видео спот. При интервју за ИН ТВ, таа истакна дека има големи очекувања од оваа песна, бидејќи заедно со нејзиниот тим работеле долго време со цел да биде квалитетна и интересна за јавноста.

-Па јас како што напоменав во интервјуто кога гостував во ИН Продукција, можам да кажам дека очекувањата ми се навистина големи со оглед на тоа дека навистина долго работев на песната и сакав да излезе баш онака како што ја замисливме, а истотака доста работевме и на спотот. Секако, секогаш има нешто што не е како она замисленото, но тоа е што е. Јас се надевам дека на гледачите ќе им се допадне, дека ќе биде слушана.-потенцира Николова.

Младата пејачка веќе подготвува нова песна, а го најавува и нејзиниот прв албум со новокомпонирани песни, кој според неа би требало да излезе до крајот на годинава.

-Јас секогаш подготвувам нешто ново, никогаш не мирувам. Дефинитивно и темпераментот ми е таков. Подготвувам веќе нова песна, за којашто го чекам уште текстот е при крај и една преработка на народна песна со поразличен аранжман. Се надевам дека до крајот на годината ќе ги завршам и ќе го завршам конечно и мојот прв албум со новосоздадени песни.-додава пејачката.

Како што открива, периодов е доста ангажирана со настапи низ нашата земја, а од месец септември започнуваат и турнеите надвор од Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*