Џесика Палашоска најавува голема турнеја во Америка

Џесика Палашоска најавува голема турнеја во Америка за Новогодишните празници. Како што открива фолкерката ексклузивно за естрадниот магазин Естрада плус, турнејата ќе трае отприлика месец дена, а ќе настапува заедно со група Носталгија од Битола.

Познатата фолк пејачка Џесика Палашоска која важи за една од најатрактивните на македонската естрада, доста е барана надвор од Македонија. Таа зад себе има бројни успешни турнеи, а при интервју за ИН ТВ открива дека веќе е договорена уште една голема турнеја во Америка.

-За Новогодишните празници ќе бидам во Америка на турнеја со моите колеги од група Носталгија од Битола. Се подготвуваме за таа турнеја и веќе работам на некој проект кој ќе го претставам таму.-истакна Палашоска, ексклузивно за естрадниот магазин, Естрада плус.

Како што вели таа, сеуште не се знае колку точно концерти ќе одржат, но со сигурност ќе има голем број настапи низ сите градови кадешто ги има нашинците.

-Мислам дека турнејата ќе биде еден месец, а искрено сеуште немам точна информација колку концерти ќе бидат, меѓутоа ќе има доста во сите градови каде што не има нас македонците.-додава фолкерката.

Инаку, Џесика во моментов подготвува нова песна којашто ќе биде промовира за скоро време заедно со спот кој ќе го работи ИН Продукција.

 

 

 

 

 

Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*