Дали ја слушнавте новата песна на момците од „Хепи енд“?

Почетокот на летото го стартуваа со вистински летен хит, кој полека, но сигурно, одлично е прифатен од страна на публиката. Станува збор за момците од „Хепи енд“, кој заедно со двоецот Лазар и Магдалена Цветковски, ја создадоа нивната прва авторска песна, во поп рок фазон „Кога би била моја“.


Песната беше промовирана заедно со спот, кој го изработи „Фабрика продукција“.
„Хепи енд“ функционираат од 2012 година, а досега свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, односно на нивни концерти како предгрупа, а летово конечно го промориваа и своето првенче, но ветувањето е дека не застануваат тука, односно многу наскоро ќе продолжат со нови авторски проекти.

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*