Владо Јаневски во љубовна врска со Дунавка

Очигледно не е никаква случајност тоа што Дунавка Трифуновска ја има главната улога во најновиот видеоспот на познатиот пејач Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“. „1ТВ“ објави папарацо-фотографии токму од Владо и Дунавка, направени пред еден познат охридски хотел.

– Владо ја чекаше можеби половина час во неговиот автомобил и од она што можев да забележам, беше прилично нервозен. По некое време излезе од автомобилот и се упати на рецепцијата на хотелот каде во тој момент се симна и Дунавка. Веднаш го напуштија хотелот и влегоа во неговиот автомобил, изјавил очевидец за телевизијата.

 

 

republika.mk

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*