Модус бенд за скоро време ќе ја изненадат публиката со нешто ново

Модус бенд подготвуваат нов материјал. Никола Кочан, вокал на бендот, при интервју за ИН ТВ вели дека за скоро време ќе изненадат со нешто ново. 

Во студиото на Никола Кочан во Битола, постојано се крчкаат нови песни и нов материјал. Освен тоа што се подготвуваат песни за голем број музичари од македонската естрада, во моментов се работи и на нешто ново од Модус бенд.

-Јас се надевам дека за кратко време ќе промовираме нешто ново. Несакам се да откријам, но вашата продукција добро знае дека секогаш сме спремни за нешто ново, секогаш знаеме да изненадиме и секогаш барем за некои работи се трудиме да бидеме први на некој начин. Но ќе оставам тоа на публиката да го процени дали е добро или лошо, затоа што јас мислам дека ќе го прифати онака како што секогаш го прифаќала.-открива Никола, вокал на Модус бенд, ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Како и сите музичари, така и Модус бенд периодов се доста ангажирани со настапи на фамилијарните прослави и собири. Секако не изостануваат и настапите низ рестораните и локалите низ целата земја.

 

 

 

 

Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*