Мајли Сајрус ја раскина свршувачката

Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот вереник, актерот Лијам Хемсворт ја раскинаа веридбата иако овој пат навистина беа на чекор до олтарот.

Иако не е прв пат да прекинат, сега односот меѓу нив навистина е завршен. Парот се вери во 2012. година, а бидејќи пејачката не била подготвена за следниот чекор, секој од нив продолжи по својот пат.

-Постојано го одложуваше бракот и децата, а тој навистина сакаше семејство. Се караа и на крајот прекинаа. Сите сфатија каде води неговиот притисок, но тој е прилично изненаден од нејзиното заминување. Навистина е скршен.– изјавил неименуван извор за магазинот „ОК! Австралија“.


Пејачката и актерот се верија одамна, па прекинаа. Потоа се смирија, па повторно се разделија, но последен пат кога се верија двајцата изјавија дека тоа ќе биде „засекогаш“.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*