Драма во Будва: Руси ја нападнале Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ само две ноќи спиела во хотел во Будва, а останатото време го поминала на семејната јахта.

Околу 10 часот наутро во апартманот на Александра и Филип во Будва, влегле двајца пијани Руси кои имале апартман веднаш до нивниот.

„Она што знам е дека Александра спиеше, а Филип замина да порача појадок. Почнаа да викаат, а Александра веднаш скокна и почна да вреска. Веднаш го зеде телефонот и се јави на рецепција бидејќи не знаеше каде е Филип. Обезбедувањето веднаш дојде во апартманот, но едвај успеа да ги изнесе пијаните Руси, вели извор за Телеграф и додава:

„Едвај излегоа од соба!Александра беше толку вознемирена што ни Филип не можеше да ја смири. Беше уплашена бидејќи не знаеше што се случува, а не ги ни разбра ништо затоа што беа странци. Дури помисли да викне полиција, но сепак се помина без тоа, вели изворот.

По лошата случка, Александра и Филип заминале на јахта.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*