“Ромален” најнов албум од Силви бенд

Триесет години и повеќе се присутни на македонската музичка сцена и понатака творат и создаваат квалитетна музика која останува како траен белег зад нив. Силви бенд, односно неуморливите Силви и

Влатко кои зад себе имаат бројни албуми, пред извесен период го издадоа и новиот албум насловен “Ромален”. Композиции кои на најидеален начин и припаѓаат и се својствени токму за самата Силви.

-Се работи за еден проект чие што име е “Ромален” така што во превод би значело луѓе. Влатко го даде името на овој проект. Јас сум Ромка. Кога зборувавме како да го наречеме овој албум, кој што содржи најпознати светски ромски романси, руски, дел од романсите што се изведуваат тука кај нас. Секако неизоставно двете композиции на Димитар Масевски , едната добро позната со која што ние и почнавме “Романса” и уште една “Вино црвено”. Тие две композиции исто така се наоѓаат на овој албум. Се работи за проект кој повторно наликува на Коштана, бидејќи на сцена повторно имаме 20-тина луѓе, истакнува Силви.

Во целиот овој проект се пренесува номадскиот живот на ромите, нивните патувања низ светот и сите случки и настани било да се позитивни или негативни кои се провлекуваат низ патувањето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*