Прва Ѓомлезијада во Годивје, Дебарца

Годинава за прв пат во селото Годивје, Дебарца ќе се одржи манифестацијата Ѓомлезијада 2018. Според организаторот на манифестацијата Миленко Андрески, како и општина Дебарца се е подготвено за одржувањето на еден ваков културно збавен настан, на кој целта е заживување на ова место во овој дел на Дебарца, особено во летниот период кога доаѓаат бројни гости и наши иселеници во родниот крај.

Настанот е предивден да започне од изутрината со подготовките на овој  охридски специјалитет ѓомлезето, од страна на пријавените натпреварувачки. Подоцна направените ѓомлезиња ќе бидат оценувани од жири комисија а ќе следуваат и парични награди за најдобрите. За сите пријавени учеснички кои ќе го изработуваат ѓомлезето од страна на организаторот се обезбедени сите потребни материјали.

Дополнително сето тоа ќе биде збогатено со фолклорен фестивал на кој ќе има гости учесници од Македонија, Романија, Полска, Хрватска и Бугарија. Потоа ќе следува забава со познати музички имиња од македонската естрада, како Елена Јовческа, Дарко Стојаноски, Спасе Матлиоски и Прима бенд од Охрид.

Идејата на организаторот е ваквиот настан да прерасне во традиција која ќе се одвива секоја година во различно село низ Дебарца со различни изработки. Манифестацијата ќе се реализира во недела 22 јули со почеток во 9 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*