Благоја Грујовски со полна агенда настапи периодов

Фолк пејачот Благоја Грујовски со полна агенда настапи периодов. Тој истакна дека неговите ангажмани најчесто се фамилијарни прослави и народни собири.

Македонските музичари, летниот период претежно го поминуваат со бројни ангажмани во Македонија, а турнеите ги оставаат за есенскиот период. Познатиот фолк пејач Благоја Грујовски при интервју за ИН ТВ истакна дека неговата агенда за летото е преполна, најчесто со фамилијарни прослави и народни собири.

-Ова е летна сезона кога ние настапуваме претежно во Македонија, има премногу ангажмани, а знаеме и дека нашите иселеници доаѓаат во Македонија во лето.-вели фолкерот.

Благоја е сеуште под импресии од турнејата во Америка, каде што настапуваше заедно со Наум Петрески и Сања Ристеска, придружувани од познатите музичари Илија Тотовски-Тота и Митко Бежаноски.

-Инаку јас имав една голема турнеја во Америка, речиси два месеци со Наум Петрески, Сања Ристеска и екипа музичари, Илија Тотовски-Тота и Митко Бежаноски. Тоа беше навистина една напорна и долга турнеја, но поминавме феноменално. Јас сум презадоволен. Потоа имавме гостување во Турција кај нашите сонародници во Измир, тоа беше фантастичен настан на кој присуствуваа 1300 луѓе, тоа се нашите македонци од реканскиот крај. Навистина беше незаборавно доживување.-раскажува Благоја.

За следниот период, Грујовски најавува и нова песна со којашто ќе настапи на годинешниот Роса фест.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*