Твојот секс, гадостите, тепачките… – Џоле Џогани и испрати порака на неговата внука во која жестоко ја осудува

Луна Џогани се наиде на мета во јавноста, но и во семејството откако започна врска со оженетиот Слободан Радоновиќ.

Нејзиниот чичко Џоле Џогани го осуди нејзиното однесување, па и испрати порака во која нашироко објаснува што смета за погрешно.

– Драга Луна, оној ден не стигнавме да зборуваме и искрено да ти го кажам своето мислење за настапот во реалното шоу. Ти знаеш дека бев против тоа, но на крајот не одлучувам јас туку твоите родители и ти, со тоа дека ти како полнолетна ја превзема одговорноста за своите постапки, дела и не дела која ги правиш, одговорна си за однесувањето и на крајот ако добиеш награда во смисла на убави зборови или критики, и тоа е твое. Тоа нема врска со нас, ние сме одговорни за нашите малолетни деца додека не наполнат 18 години. Ние во емисија не сме те нападнале тебе како личност и дете од семејството, туку сме изјавиле дека не си се „покажала најдобро“. Го осудивме твоето однесување, тоа се две различни работи – личност и однесување.  А ти мораш да признаеш дека добро не се однесуваше  во многу ситуации, твоите хистерии, бес, лупања, удирања, љубомроа, тепања и уште многу други работи за кои луѓето те осудуваат,  што девојките на твои години ова не прават, да не зборам за сексот и зборовите изговорени во тие ситуации. Не осудувам што си се заљубила, јас ти направив видео  кое и го виде, тоа беше мојот став. Љубовта нема никаква врска со твоето однесување, и на крајот кога се заврши и си дојде дома, ти реков оди на море и исклучи го телефонот да не бидеш достапна за сите, малку луѓето да заборават на сите твои глупости. А ти ставаш слики со голи задници, а новинари ко новинари, кај нив шоуто не е завршено, па сега продолжуваат твојте гадости да ги пишуваат. До кога? Не заборавај дека не си единствена ти Џогани, се тоа што го направи и го правиш влијае на сите од семејството Џогани. Јас 25 години го градам овој бренд а ти за само неколку месеци фрли се во вода, не е фер ако имаш малку срце ќе знаеш тоа да го почитуваш, ова е пораката која беше испратена на Луна од нејзиниот чичко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*