Нова песна заедно со спот најавува Џесика Палашоска

Џесика Палашоска подготвува нова песна којашто ќе излезе за скоро време. Познатата фолкерка вели дека песната ќе биде промовирана заедно со спот, кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Познатата фолкерка Џесика Палашоска секогаш знае да ги изненади своите обожаватели со нова песна. Таа при интервју за ИН ТВ истакна дека во моментов подготвува прекрасна песна за која се надева дека ќе излезе за скоро време, заедно со спот кој ќе го работи тимот на ИН Продукција.

-Јас веќе ја чекам мојата нова песна, се надевам дека за брзо ќе излезе се разбира со видео спот. Ќе бидете информирани навреме поради тоа што ќе снимаме заедно со вашата екипа.-открива фолк пејачката, ексклузивно за естрадниот магазин, Естрада плус.

Џесика неодамна беше дел од концертот во Пустец, Албанија, по повод празникот Петровден, а во следниот период и претстојат уште бројни настапи.

-Имам два настапи, се разбира иселеничките забави не изостануваат ова лето. Следна е иселеничката забава во Кичево, каде што ќе настапат и Влатко Лозаноски, Спасен Силјаноски и други мои колеги и колешки. Истотака имам и доста настапи низ Битола, Прилеп и регионот.-додаде таа.

Палашоска открива дека за Новогодишните празници ќе биде во Америка на веќе закажана турнеја, заедно со нејзините колеги од група Носталгија-Битола.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*