Го објави хитот “После мене”, а веќе работи на нова песна

После хитот “После мене”, кој го објави пред извесно време, младата пејачка Стојне Николова подготвува уште една песна. Според неа до крајот на годината ќе биде готов и првиот албум со новосоздадени песни.

Добропознато во јавноста е дека Стојне Николова важи за пејачка која неуморно работи на нејзината музичка кариера и секогаш се труди пред фановите да презентира нешто ново и квалитетно. Пред скоро време ја промовираше нејзината најнова песна која носи наслов “После мене”, а веќе подготвува нов материјал. Таа го најавува и нејзиниот прв албум со новокомпонирани песни.

-Јас секогаш подготвувам нешто ново, никогаш не мирувам. Дефинитивно и темпераментот ми е таков. Подготвувам веќе нова песна, за којашто го чекам уште текстот е при крај и една преработка на народна песна со поразличен аранжман. Се надевам дека до крајот на годината ќе ги завршам и ќе го завршам конечно и мојот прв албум со новосоздадени песни.-истакна Николова, при интервју за ИН ТВ.

Периодов, младата пејачка има бројни настапи ширум земјава, а веќе од наесен започнуваат и ангажманите надвор од Македонија. Во месец септември ќе отпатува за Англија каде што ќе настапува заедно со Бобан Мојсовски и уште неколку нејзини колеги од македонската естрада.

-Летниот период ќе бидеме тука во Македонија, но од септември натаму новата сезона ја започнуваме со настап во Англија. Се чека визата, така да првиот настап од сезоната ќе биде во Англија заедно со моите колеги Бобан Мојсовски, Цаки од Кис ми и Јане Рафаиловски.-вели Стојне.

Таа додава дека во моментов имаат преговори за ангажмани во уште неколку подалечни земји, но сеуште не се знае каде точно ќе отпатуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*