Гоце –Бананата: Имам желба да ја посетам дијаспората во другите земји каде што има македонци

Подготвува нов албум кој ќе има промоција како во родната Македонија, така и во далечната Австралија каде што Гоце Петрески Бананата жвее и работи. Неговото повторно доаѓање во Македонија ќе биде за време на летниов период во кој ќе ги заврши своите обврски а посакува после сето тоа да ја посети и пошироката дијаспора каде што има македонци.

-Имам некои други планови понатака, да ја посетам дијаспората во другите земји кај што има македонци. Тоа ми е една желба. Не е ништо поврзано финансиски со пари, туку ете така имам некоја желба да се прошетам, да се видам со сите македонци што живеат и во другите земји. Па тоа се надевам дека ќе го реализираме и да откријам една мала тајна, во преговри сме со групата Молика да направиме една мала турнеичка низ другите држави заедно со една нивна поддршка и тоа ќе ми биде еден мал сон да си го остварам, истакнува Гоце – Бананата.

Инаку, Гоце Петрески Бананата важи за музичко име кое остави голема трага во македонската музика особено во 90-те години со бројните хитови кои тогаш ги отпеа, а и денес се пеат од помладата генерација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*