Горан Тодоровски новите песни ќе ги уреди во нов албум

Како дел од старата плејада пејачи, Горан Тодоровски има зад себе дури седум албуми и во поголема мера преферира да прави албуми со повеќе песни. Сепак, и покрај неговото подолго паузирање на македонската

музичка сцена, знае дека во периодов се популарни кавер верзиите на песните, но сепак смета дека со издавањето на нова песна се збогатува музичката ризница на еден народ.

-Знам дека е популарно и една сингл песна со спот и многу сум на мислење како тоа да го реализирам, ама имам премногу песни и греота е тие да останат така. Дури и јас сум нетрпелив, ете до таму ми е таа желба, веќе зголемена, да ги снимам во студио. Колку од нив ќе доживеат и своја видео верзија или спор, неможам да ветам, вели Горан.

Со оглед на тоа што подготвува повеќе песни во периодов, Горан најавува издавање на нов албум, а потоа како што вели да бидат пласирани пред публиката, која ќе го одвои квалитетот и ќе постане песната слушана. Сигурен сум дека ќе има нови мои  песни кои ќе допрат до публиката и ќе постанат хитови, додава Горан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*