(ВИДЕО) Охриѓанецот Петар Маркоски со нов летен хит

“Уна Сигнора” е насловот на најновата песна од Петар Маркоски, за која сними и спот во Парга. Според коментарите на јавноста и неговите фанови, песната е веќе нов летен хит.

Младиот и талентиран Петар Маркоски, ја промовира неговата најнова песна заедно со видео спот. Петар се потпишува како автор на текстот и музиката во соработка со добропознатиот композитор и музичар, Иван Јованов (продукција и аранжман).

-Многу сум среќен затоа што после 3 години пауза, со голема љубов и уште поголема желба се враќам на македонската музичка сцена и ќе продолжам по таа патека. Веќе кројам планови за нова песна.-открива Петар, ексклузивно за естрадниот магазин, Естрада плус.

Во спотот кој се снимаше во Парга, освен Петар, се појавува и прекрасниот модел Марија Давчевска. Режисер на видеото е Даниел Јовески.

-Искрена и единствена желба за оваа песна ми е да успее да стигне до што поголем број на луѓе, кои ќе ја почувствуваат секоја наша капка љубов кон музиката. Видеото се снимаше во Парга – Грција со идеа покрај професионалниот план да се заврши снимањето, да си дадеме и малку време за релаксирање и плажа.-додава Маркоски.

Инаку, Петар е добропознат на јавноста по учеството на македонското музичко талент шоу “М2”, а зад себе покрај бројните кавери на виолина од познати странски хитови, има и неколку авторски песни.

“Уна Сигнора”, според коментарите на неговите обожаватели веќе е новиот летен хит.

Во продолжение уживајте во песната и видеото !

Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*