Прослава со познати музички имиња за празникот Св. Недела во Оровник

Богослужба и голема прослава во манастирот Св. Недела во село Оровник по повод истоимениот празник. На прославата ќе настапат бројни музички имиња од македонската естрада. Организиран е и бесплатен превоз за сите верници.

По повод празникот Св. Недела на ден 19.07.2018 (четврток ) во 20 часот, во манастирот Св. Недела во село Оровник ќе се одржи богослужба, а веднаш потоа следува богата културно-уметничка забава со познати музички имиња од македонската естрада.

Организаторите информираат дека на прославата ќе настапат Благоја Грујовски, Сања Ристеска, Дамјан Стојаноски и добропознатиот виртуоз на македонски традиционални дувачки инструменти, Џељо Дестановски, придружувани од браќата Филип и Раде Нуневи.

За сите верници, автопревозникот “Омега Експрес” ќе врши бесплатен превоз, со поаѓање од пред маркет “Тамаро” на улица Туристичка во 19 часот.

Број за контакт : 070/778-578

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*