Погледнете го спотот од Ангел Стојкоски за песната “Како да те преболам” !

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот од младиот Ангел Стојкоски, кој се снимаше на Галичица?!

Стружанецот Ангел Стојкоски го промовира спотот за неговата најнова песна “Како да те преболам”. Спотот се снимаше кај Националниот парк Галичица, во соработка со ИН Продукција. Покрај во прекрасната песна, гледачите ќе имаат можност да уживаат во целата убавина со којашто располага планината Галичица.

-Снимањето помина одлично, со екипата на ИН Продукција во Националниот парк Галичица. За среќа, времето не послужи, се сними доволно материјал. Во спотот своја улога имаа и Христијан Матлиоски на саксофон, Кирил Митрески на хармоника и девојката која ќе ја опише целата приказна и спотот ќе го добие вистинскиот смисол.-истакна Стојкоски, ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Текстот за песната го напиша Јагода Силјаноска, додека за музиката и аранжманот беше задолжен Спасен Силјаноски.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*