Годините не и можат ништо : Нина Бадриќ во бикини во четвртата деценија од животот!

Регионалната поп дива Нина Бадриќ е една од ретките пејачки кои музичката кариера ја изградила врз основа на добрите песни, а без скандали.

Многу често пред ТВ екраните може да ја видиме без шминка и во сосема природно издание. Со доаѓањето на топлото време и високите температури, познатите личности слободното време го користат да заминат на некое убаво место покрај море и да се освежат.

Токму тоа го направи и пејачката Нина Бадриќ, која замина на Хвар, каде што има своја куќа, па секој слободен момент таа го користи да замине таму и да ги наполни батериите.

Нина го искористи сончевото време, па облече црно бикини во кое ја покажа својата одлична фигура на која многумина може да и подзавидат.

И во четвртата деценија од животот, Бадриќ има со што да се пофали, а од нејзините следбеници на Инстаграм доби само комплименти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*