Татјана: Музички направивме се во Македонија па затоа заминавме во Австралија

Пред три години ги спакувавме куферите и заминавме за Австралија, вели низ смеа Татјана Лазаревска при гостувањето во ИН продукција и открива како семејството се адаптирало во оваа далечна земја. Особено тоа било ново за нивните деца, Петар и Стефан, бидејќи Татјана и Новица и претходно ја посетувале оваа далечна земја низ бројните заеднички турнеи.

-За мене и за Новица апсолутно не беше ништо ново. Многупати со Новица, заедно со Биоритам, што заедно, што јас со други колеги имам седум пати одено на турнеја пред тоа во Австралија. Имаме еден голем круг на пријатели, подржувачи на нашата музика и дело. Одлуката падна кога почувствуваме дека во поглед на музиката направивме се што може да се направи во Македонија и без некоја конкретна причина решивме да заминеме, вели Татјана.

Татјана помеѓу другото се пофали дека животот во Австралија им е прекрасен, како и тоа дека се многу убаво се прифатени од луѓето таму. Секако во целиот овој период таму стекнале и голем број пријатели.

-Децата прекрасно се вклопија во нова средина. Децата се како сунѓер, тие впиваат се. Јазикот го научија, ние исто така, додава Татјана.

Нивните настапи, како што додава Татјана се бројни и во оваа далечна земја при што се барани и таму со сите нивни хитовски песни.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*