Спасен Силјаноски открива : Со песната”На свадба ме канат” отворив нова страница во животот

Песната “На свадба ме канат” е отскочна даска на познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски. Тој при гостувањето во ИН Продукција истакна дека од сите негови хитови, оваа песна е негова омилена.

Спасен Силјаноски веќе долги години опстојува на македонската естрада, а зад себе има оставено бројни хитовски рефрени. При неодамнешното гостување во емисијата Промо тој откри дека неговата прва песна која носи наслов “На свадба ме канат”, најмногу му лежи на срце бидејќи токму таа е отскочна даска во неговата музичка кариера.

-Ова ми беше прва песна. Со оваа песна ми почна мојата кариера, има осум години откако ја испеав, а ете до ден денес ја бараат, ја слушаат и е доста атрактивна буквално на сите веселби. Можам да кажам за неа дека таа ми е една од моите омилени, па и најомилена песна. Кога ја слушам, ја пеам со некоја посебна емоција затоа што со таа песна отворив нова страница во мојот живот.-вели Спасен.

Познатиот фолкер веќе работи и на неговиот нов албум кој треба да излезе наредната година. Спасен открива дека на албумот ќе има десет песни, од кои осум ќе бидат негови авторски, а ќе има и две преработки на стари македонски песни кои досега никој друг пејач не ги има отпеано.

Во продолжение погледнете ја неговата изведба на песната “Не жали ме”, заедно со Џељо Дестановски и Мулти бенд, во емисијата Промо.

 

Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*