По летениот дел оркестар “Маестрал” ќе го подготвуваат новиот албум

Покрај бројните подготовки за нивниот јубилеен концерт со кој ќе одбележат 30 години од своето поестоење на музичката сцена, битолскиот оркестар Маестрал го подготвуваат и нивниот најнов албум. Како што

откриваат, летниот период за нив важи плодна и безрезервна работа во Македонија, а за новогодишните празници се надвор од неа. Тоа некако им оди барем последниве неколку години.

-Подготвуваме ние. Секогаш то го правиме пред Нова година или по новогодишните празници затоа што тогаш е малку полабава работата. Сега моментално не можеме да размислуваме за таква тема, затоа што сме презафатени. Кога ќе залади времето, кога ќе се намалат свадбите и тие работи ќе размислуваме и за тоа, вели Иле од оркестарот Маестрал.

Воедно како што истакна Иле, веќе е договорен новогодишниот ангажман на оркестарот Маестрал  кој ќе биде во далечната Австралија во Перт.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*