“Мулти бенд” се јавуваат како самостојни автори на своите досегашни песни

Зад себе имаат три авторски песни за кои може слободно да се пофалат дека сами си ги прават, односно се јавуваат како комплетни автори на музика, текст и аранжман. Скопските “Мулти бенд” се навистина музички едуцирани и талентирани.

-Во главно текстот го работи Влатко, што е многу добар во тоа. за музичкиот дел сум јас. Сите по малку , кој што може си помагаме. Секако дека можеме да направиме една песна бидејќи тоа го работиме. Сами си ги правиме, текстот, мелодијата. Доволно слушаме секаков вид на музика и ни доаѓаат идеи, велат Роберт и Влатко при гостувањето во ИН продукција.

Мулти бенд, повеќе  се познати пред музичката публика постанаа со спотот кој го реализираа за песната “Ти си мојот рај”. Летно хитче кое се снимаше на брегот од охридското езеро а се изработи од страна на ИН продукција.

-Публиката ја бара таа песна и тој спот. Ја свириме по Скопје по клубови. Ја бараат, таа е сезонска песна, не може да ја бараат во јануари, февруари. Се бара во летни периоди, додава Роберт.

Музиката и на оваа песна е од Роберт а текстот на Влатко. За периодов кој следува Мулти бенд најавуваат и нови песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*