Жирито се поклони пред неа а Драгана доби и признание на “Славјански базар”

Малата Драгана Јовановска од Куманово  со признание се враќа од  интернационалниот фестивал  „Славјански базар“, кој  заврши во Витебск, Белорусија.

Драгана е избрана од Светската асоцијација на фестивали ( WAF), како едно од многуте талентирани деца кои пееја на овој реномиран и светски познат фестивал.

-Се враќам дома со уште едно големо искуство. Чест ми беше што ја претставував мојата земја во Белорусија. Добив специјална понуда за учество на голем интернационален детски фестивал во Лондон, Англија и сертификат за учество на ито таков фестивал во Рига, Латвија, вели Драгана, на која при прогласувањето и се поклони жири комисијата.

Драгана настапуваше две вечери. Првата беше претставување на Македонија, настапи со песната „За 100 години“ од Александра Јанева, а втората вечер на светски хитови и Драга, ја испеа песната „All I ask“ од Адел.

Драгана има само 11 години. Јавноста ја запозна како дел од „Пинковите ѕвездички“.  Лани настапи и на  детскиот фестивал  „Езерски бисери“ во Струга, каде ги освои второто место, потоа „Ѓургевдански фестивал“ во Бања Лука, каде победи, па во Нови Сад на „Школкици“, каде го освои второто место. Пред неколку месеци, пак,  настапи и победи  на фестивалот  „Златни ѕвездички“ , кој се одржа во Владимир, во Русија.

Сите фестивали на кои настапила и победувала Драгана се организирани од Светската организација на фестивали.

 

7dena.mk

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*