
Културно уметничкото друштво “Фолклористи” од Лескоец организира македонско-австралиска иселеничка вечер.
Настанот ќе започне најнапред со дефиле на групите во 19,30 часот од сред село во Лескоец па се до ОУ Ванчо Николески. Потоа ќе следи предвидената програма со групите , учесници од повеќе држави како Полска, Романија, Бугарија и други. Предвидено е програмата да трае околи час и половина , по што ќе следува музика во живо и заедничко оро на сите присутни.
Настанот ќе се одржи на 14 јули со почеток во 20 часот.
Leave a Reply