Горан ќе одбележи 25 години од неговите почетоци на музичката сцена со концерт

Остави голема трага на македонската музичка сцена пред точно 25 години и сега повторно своето муичко враќање ќе го официјализира со еден солистички јубилеен концерт.

Горан Тодоровски полека но сигурно се појавува повторно и како што најавува покрај старите хитовски песни, ќе промовира и нови преку новиот албум кој го изработува. По паузата од прилично добар временски период, големите хитови од Горан ги препејуваше помладата генерација музичари, а неговиот став околу тоа е поделен.

-Мислам дека поделени се мислењата околу тие кавер верзии. Од една страна е убаво, затоа што не се заборавила песната. Заживува пак, се доближува до млади генерации. Работам во основно училиште, предавам Биологија и природни науки и навистина е голем комплимент кога ќе видам дека деца што се помлади од колку што се некои песни, односно некои песни се постари од нив самите ги знаат наизуст да ги пеат, вели Горан.

Всушност двете песни кои ги отпеа Горан, “Пусти мерак Ратке” и “Како да ти речам остани” како што напоменува и самиот се веќе полнолетни,а ниту една веселба не може да помине без првата.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*