Христина и Андреј Илијоски по стапките на својот татко од оркестарот “Маестрал”

По стапките на својот татко Рубин од оркестарот Маестрал, така и младите Христина и Андреј Илијоски кои со сигурни чекори полека навлегуваат на македонската музичка сцена. Христина, која живее во Америка, неодамна си дојде во родната Битола и како што веќе најавува подготвува новитет на музички план.

-Засега сум тука. Еден месец ќе бидам тука. Навистина сум среќна, дома си е дома. Засега престојувам во Америка, работам таму. Малку се занимавам и со музика. Едвај чекам. Тиресет години јубилеј. Навистина огромна бројка, истиот состав. Пресреќна сум. Им честитам од срце, вели Христина.

Предвидено е да испее неколку песни на концертот. Христина помеѓу другото најавува и наскоро за нова песна, во побрз стил. Сум и за балади, но повеќе ги сакам брзите песни, додава Христина.

Со свој настап на јубилејниот концерт ќе се појави и младиот Андреј Илијоски, брат на Христина кој исто така е маестрален во својот дувачки инструмент на само 15 години.

-Засега имаме по неколку проби, но доаѓа времето полека се зајакнуваме и подготвуваме нов материјал и пробите почнуваат да бидат посериозни со повеќе пејачи и сите тие гости кои ќе бидат на јубилејот, вели Андреј.

За истакнување е и неодамнешниот настап на овој млад музичар во Македонската Филхармонија, кој навистина покажа што се знае и умее да отсвири на својот инструмент кларинетот, пред тамошната публика.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*