Николче- Јошката веќе половина година живее во Австралија

Скоро шест месеци живее и работи во далечата Австралија. Николче Симоновски  –Јошката како што е повеќе познат пред обожавателите и публиката живее во градот Перт каде што твори македонска музика.

-Работам со млада генерација од Перт, со сите македонски групи од Австралија, со неколку други бендови од целиот Балкан. Тука сум дојден да го проследам концертот од Татјана, како гости вечерва, истакнува Николче.

Николче ,периодов додека е тука во родната Битола ќе го искористи со бројни настапи низ целата земја.

-Тука сум дојден да го доснимам македонскиот албум со македонски песнидодава Јошката.

Во изминатиот период Николче беше еден од поголемите миленици на битолската публика каде неговите фанови не ги пропуштаа неговите настапи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*