„Намини ноќва“ е новиот летен хит на Панче Касапски

“Намини ноќва“ е насловот на новиот сингл на Панче Касапски, кој уште со првото слушање ветува дека ќе биде вистински летен хит. Станува збор за песна со побрз ритам, со џез и фанк-призвук и позитивни вибрации, на која штипскиот музичар се потпишува како автор на музиката, за стиховите доби помош од легендарната колешка Маја Оџаклиевска, за која песната била првично наменета, а аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот се на колегата Иле Спасев, со кого работеше и на баладата „Уште си ми ти“ (2016).

Покрај Панче, главната женска улога ја доби Марис Џолин.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*