Азис ја пофали Стојне за изведбата на “Хабиби”

Бугарскиот пејач Азис, неодамна ја пофали нашата фолк пејачка Стојне, споделувајќи видео на неговиот фејсбук профил, на кое Стојне го изведува неговиот голем хит “Хабиби”, заедно со оркестарот на Џамбо Агушев.

На секоја пејачка би и годеле ласкави комплименти за она кое што го работи, особено ако е во прашање некој колега кој е познат низ целиот регион. Популарниот бугарски пејач Азис, на неговиот фејсбук профил неодамна сподели видео на кое нашата фолк пејачка Стојне Николова ја изведува песната “Хабиби”, заедно со познатиот оркестар Агушеви на чело со Џамбо.

Азис напиша коментар дека таа е една од подобрите изведби кои досега ги слушнал.

Така звучи одлична изведба на Хабиби-напиша Азис на својот фејсбук профил.

Стојне при гостување во емисија на ИН ТВ со воодушевување се присети на сето тоа и додаде:

-Па искрено да ви кажам, станува збор за мојата преработка на Хабиби заедно со оркестарот Џамбо Агушев. Тоа не беше планирано, испадна спонтано да ја снимиме таа песна, бевме заедно на една емисија, а тие ме повикаа да бидам гостинка и заедно да отпееме неколку песни. Додека тие ја пробуваа песната нивниот пејач ја пееше бидејќи требаше тој да ја отпее. Џамбо само се заврте и вика не не, оваа песна не е за тебе, оваа песна Стојне ќе ја пее и јас онака се зачудив и викам добро ако сакаш нема проблем. 

-Ја направивме малку во поразлична верзија и мислам дека тоа го привлече вниманието на јавноста, а и на Азис. Навистина ми е драго што тој лично кажа дека е преубава изведба и најдобра досега. Пред некое време пред месец и нешто кога Азис беше на концерт во Скопје, јас и мојот колега Бобан Мојсовски му бевме предгрупа.-раскажува џебната Венера, Стојне.

Таа вели дека го цени Азис кој според неа е комплетен пејач и неговите комплименти навистина многу и значат.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*