Јубилеен концерт на оркестарот “Маестрал” на први август

Битолскиот оркестар “Маестрал” на големо се подготвуваат за нивниот  30 годишен јубилеен  концерт. Како што најавуваат концертот ќе се случи во Битола во хотелот Император, а веќе се прават и некои мали дополнителни подготовки.

-Тоа ќе биде на први август. Се спремаме и покрај тоа што немаме доволно време во ова време сега знаете дека свирки се секоја втора вечер, меѓутоа имаме уште доста време на половина пат сме до некаде, нема што да спремаме така концептуално треба да се усогласиме како ќе течи сето тоа зошто сепак 30 ходини јубилеј не е малку и треба да се одбележи, истакнува Иле од оркестарот Маестрал.

Концертот од оркестарот “Маестрал” ќе биде дополнително збогатен и со музички имиња од македонската естрада како Спасен Силјаноски, Андреј и Кристина Илијоски, кои се неизоставен дел од Маестрал.

-Се надеваме дека ќе биде многу поубаво од 25 годишнината. Со оглед на преубавиот амбиент каде што ќе се одржува , гостите. Беа поканети доста гости и за 25 годишнината но ангажманите не дозволија да бидат присутни, вели Рубин од Маестрал.

Неизоставен дел од концертот исто така ќе биде и Татјана Лазаревска. Со еден збор љубителите на македонскиот фолклор на први август ќе има што да слушнат и да уживаат од страна на Маестралци.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*