Фолкерката Татјана Лазаревска со нова хит песна “Моќна кралица”

“Моќна кралица” е најновата песна од фолк дивата Татјана Лазаревска. Таа оваа нова песна ја сними со самото доаѓање во Македонија пред само неколку недели. Овде е нашата Мека и Медина, нашата база од тука почнав и секогаш ќе доаѓам тука во мојата земја, вели Татјана.

-Песната која што ја снимив пред неколку дена е “Моќна кралица”. Текстот е на Горан Тодоровски, мојот драг колега, музиката на Теохан Мемедов, тоа е мој колега кој што живее и работи во Австралија а аранжманот и снимањето се случи во студиото на Бубе, Фортуна, кај Љупчо Соколовски. Сите заедно направивме една убава песна која што мене многу лично ми се допаѓа. Се надевам и на вашите гледачи и слушатели, на тие што им се допаѓа нека уживаат а на тие што не им се допаѓа допрва ќе следува нешто друго поново, за сечиј вкус ќе има понатака, истакнува Татјана.

Притоа како што додава Татјана, се труди да пласира музика од повеќе правци, првенствено таа да биде задоволна од производот а потоа и публиката. Секако изборот е потоа на публиката дали ќе им се допадне песната или не. Со оглед на тоа што досега како што вели немала некое големо промашување, се надева дека и овојпат ќе ги задоволи вкусовите на нејзината публика.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*