Скандалите со Рада и Харис не престануваат

Многумина им предвидoa брак, но сепак, се чини дека нема да дојде до тоа. Познато е дека Рада Манојловиќ и нејзиното момче, Харис Берковиќ, не се во добри односи, па пејачката поради една шокантна вест го исфрли од својот стан.

Имено, двојката не криеше дека во нивниот однос доаѓа до периодична криза. Рада не сакаше да верува во гласините дека Харис ја изневерува, додека во медиумите се пишуваше дека таа имала комуникација со една од девојките со кои бил Харис и дека таа девојка ѝиспратила фотографија од нив двајца додека биле во кревет.

Рада, наводно го исфрлила Харис од станот, откако како доказ посведочиле пораките кои ги нашла во неговиот телефон, додека тој се туширал.

Последователно на тоа, тие ја прекинаа нивната врска. Меѓутоа, покрај скандалот за неверството, Манојловиќ се посомнева дека врз нивната врска, сепак е фрлена црна магија од некои „вештици“. Се шпекулираше дека соседите од нејзиното родно место ја урочиле и дека во нејзиниот двор имало свеќа и црвен конец.

Иако, Рада сонуваше за брак и деца со пејачот Харис Берковиќ, медиумите овие денови пишуваат дека таа е во депресија. Последното што дојде како информација низ медиумите беше дека срцето на пејачката брзо ѝзатреперило и наводно се предозирала со лекови.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*