Каролина Гочева ужива на омилената дестинација-Миконос

По низата концерти, а пред новите закажани во август, на 10 во Битола и на 11 во Охрид, поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин  минува релаксирачки денови и ноќи на нејзината омилена летна дестинација Миконос.

Нејзините летни одмори вклучуваат егзотични дестинации од типот на Мексико, но сепак Миконос како да ѝ е најголема љубов. Таа и минатата година го посети овој грчки остров со нејзиниот партнер Михаил Корубин, а годинава повторно одмора таму.

Оттаму прикачи фотографија на која позира со црн стајлинг од кој највпечатлив дел ѝсе црно-белите чевли. Омилен дел на македонската поп дива од овој остров ѝсе бич баровите со одлична музика и забава, како и незаборавното зајдисонце.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*