Даниел Кајмакоски со стихови на светски евергрин го воспитува синчето

Даниел Кајмакоски откако се ожени и особено откако му се роди синчето Давид, светот му се сврти наопаку.

Ергенскиот живот, ноќните излегувања до раните утрински часови, журките, девојките, забавата… преку ноќ исчезнаа за „момчето со Х-фактор“, кое сега ужива во сосема други вредности што ги носи животот со семејство.

Покрај вообичаената грижа и играта со синчето, Даниел како добар родител уште од мали нозе се обидува да го воспитува и едуцира малиот Давид… А како поинаку, ако не со она што најдобро го знае и умее… низ стихови и песна!

Затоа Даниел реши да спои убаво и корисно, па на својот единец преку стиховите на еден познат светски евергрин му објаснуваше како треба да се однесува и да му се одвива животот… „Father and Son“ евергринот на еден од најпознатите светки кантавтори од 70-ите, легендарниот Кет Стивенс е песната, односно нејзините стихови за тоа како го замислува животниот пат на својот син.

Постот покрај фотографијата е доказ дека на вистинскиот пат децата се учат уште од мали нозе… На вистинските вредности, со вистинската музика.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*