Мими Јовановска наскоро со новитет на музичката сцена

Младата велешанка Мими Јовановска која со големи чекори се пробива на македонската музичка сцена, во периодов подготвува нов материјал со кој за многу брзо време ќе се појави пред својата публика.

-Па, да. Подготвувам нова песна. Не ви откривам ништо. Во подготовка сум на некои нови работи, накратко најавува Мими, која не сакаше да го открие ниту ритамот на песната , дали тоа ќе биде брз или бавен.

Мими досега има неколку свои авторски песни со кои има настапено на дел од нашите фестивали. Со својот моќен вокал навистина никого не остава рамнодушен, од првиот момент кога ќе биде слушната.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*