Гостиварчанката Евица во австралиски спот

По бројните нејзини појавувања во повеќе видео записи на наши музички имиња гостиварчанката Евица повоторно во  спот,   но овојпат за далечната Австралија. Евица која важи за познат модел на македонската естрада во периодов е најбарана како со понуди за снимање спотови, така и за рекламирање на модна облека од познати креатори и дизајнери.

Таа со својот стас, неодамна се појави и во снимањето на спотот за песната “Уште еднаш да се родам” од Иван Радевски, македонец кој живее и работи во далечната Австралија.

Спотот се снимаше речиси во двете земји, поточно на неколку локации во Австралија и во Македонија. Интересно е да се напомене тоа што локацијата каде што се снимаше во Австралија е Мелбурн, поточно планината која се нарекува “Македон” и која е единствената планина во ова место каде што паѓа снег.

Во Македонија пак инсерти од спотот се снимаа во перубавите пејсажи во Маврово, каде низ целата недопрена природа се појавува и преубавата гостиварчанка Евица. Таа на мошне специфичен начин го доловува целосниот амбиент кој потполно се вклопува во песната и спотот.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*