Горан: Добив желба повторно да се појавам на македонската музичка сцена

Отпеа големи хитовски рефрени пред речиси дваесетина години кои денеска и тоа како се пеат и бараат на сите бројни веселби. Ако се присетиме на “Пусти мерак Ратке по тебе”, “Како да ти речам”, “Ми ја зеде среќата” и уште многу други, тогаш сигурно ви текнува на црномурестиот Горан Тодоровски кој неодамна го даде своето прво интервју за ИН продукција и најави повторно враќање на македонскта музичка сцена.

Во поглед на музичките ангажмани, Горан истакнува дека е секогаш присутен, но малку понастрана како што вели од медиумите.

-Ми требаше одмор да бидам искрен. Долги години кариера зад себе. Многу патувања, гостувања и решив да одморам од медиумите. Ама следев дека песните живеат, дека се барани, дека се сакаат, барем тие некои мои познати хитови. Неодамна добив повторно желба во медиумски дозирано ама сепак да се појавувам. Вечерва неможев да одолеам да не бидам гостин на концертот на Тања, затоа што сме многу добри пријатели долги години, вели Горан додавајќи дека и нас како музичка продукција не може да не одбие затоа што според него сме веќе телевизија која го има завземено своето место кај гледачите ширум светот.

Горан помеѓу другото најавува полека враќање пред медиумите, но не со тоа темпо кое го имаше пред дваесетина години, кога на голема врата влезе во музичката сцена.

-Оваа година ми е на некој начин јубилеј, 25 години од кариерата. Планирам тоа некако да го одбележам. Би било најубаво тоа да биде со некој солистички концерт и се разбира со нови песни кој што ќе се најдат на новиот албум и што ќе ги израдуваат сите оние обожаватели на мојата песна, вели Горан.

Инаку во периодов Горан го подготвува својот нов албум , кој своевидно ќе претставува негово повторно враќање на сцената од македонската народна музика.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*