
Младоженците – момче од Скопје и неговиот избраник, момче од Австралија со македонско потекло за пријателите направиле веселба и го официјализирале нивниот неодамна склопен брак.
Гостите ги забавувала фолк пејачката Благица Павловска и уште еден фолк пејач. Меѓу гостите била и Лила Стојановска која ни потврди дека веселбата била многу убава и и било многу интересно.
– Јас ги подржувам, ни рече Лила и кажа дека прв пат присуствува на геј свадба.
Веселбата била до доцна во ноќта а највеселите завршиле во популарно кафуле во Скопје. Гостите биле замолени да не снимаат, младоженците инсистирале на дискреција без да бидат сликани.
Leave a Reply