Анета и група “Молика” го подготвуваат новиот албум, летниот период се резервирани низ Македонија

Престојниот летен период и приликата што се тука на домашно тло, мегапопуларните битолчани Анета и групата “Молика” ќе го искористат да го финишираат својот најнов албум. Како што истакнува Анета тие се тука стационирани во Македонија со бројни настапи низ нашата земја.

-Спремаме нов албум нормално за нашата мила Австралија, бидејќи за Новогодишните празници ќе одлетаме таму преку океанската наша Австралија. Се работи веќе тој албум. Повеќе од половина песни се снимени. Останаа уште една или две. Штом бидат готови , вие ќе бидете први известени така да работиме напорно, истакнува Анета.

Воедно тие се  предвидени и за големата иселеничка забава кој ќе биде на 20 јули заедно со Влатко Миладиноски и ги поканува на голема и луда журка сите иселеници кои тогаш ќе бидат во Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*