Ангел Стојкоски сними спот на Галичица

“Како да те преболам” е насловот на новата песна на Ангел Стојкоски за која што сними и спот во соработка со ИН Продукција. Снимањето помина во прекрасна атмосфера, а очекувањата се дека и песната и спотот ќе бидат добро прифатени од публиката и гледачите.

Стружанецот Ангел Стојкоски викендов го снимаше спотот за неговата втора песна која носи наслов “Како да те преболам”. Снимањето се одвиваше кај Националниот парк Галичица, а помина во одлична атмосфера во соработка со ИН Продукција.

-Снимањето помина одлично, со екипата на ИН Продукција во Националниот парк Галичица. За среќа, времето не послужи, се сними доволно материјал. Во спотот своја улога имаа и Христијан Матлиоски на саксофон, Кирил Митрески на хармоника и девојката која ќе ја опише целата приказна и спотот ќе го добие вистинскиот смисол.-истакна Стојкоски, ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Ангел вели дека идејата за оваа песна дошла сосема спонтано при неформален разговор со неговиот колега Спасен Силјаноски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, додека текстот е дело на мајката на Спасен, Јагода Силјаноска. Како што вели Ангел при неговото интервју, песната е со љубовна тематика, но во брз ритам и за секоја намена.

-Идејата беше моја и на Спасен. Оваа песна се договораше скоро половина година. За тоа е заслужна неговата мајка Јагода, која го напипа текстот. Спасен беше задолжен за музиката и аранжманот.-додава тој.

Иако е релативно млад, Ангел неуморно работи на снимање нов материјал и успешно чекори на музичката сцена.

Првата негова авторска песна насловена како “Срце мое”, младиот пејач ја промовираше во студиото на ИН Продукција, а пред извесно време сними видео запис за преработката на песната “Абер ми дојде од Солуна града”. Тој се надева дека и неговата нова песна која ќе ја промовира заедно со спотот ќе биде одлично прифатена од јавноста.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*