Скоро три години од смрта на Уснија Реџепова,братот останал сам,сите го напуштиле

Една од најдбрите пејачи борбата со лошата болест ја изгуби на 1-ви октомври 2015 година во утринските часови.Сеќавањата на саканата сестра Уснија,за српските медиуми ги сподели нејзиниот брат,по скоро три години од нејзината смрт,Решет со кнедла во грлото раскажувал за нејзиното детство:

“Беше многу тивка,не правеше никакви проблеми.Нашиот татко рече дека сите деца треба нејзе да ја земат како пример.Какво дете била,каков ученик,никогаш не правела проблеми во домот…јас имав уште двајца браќа постари од Уснија и од мене-изјавил Решет.

На прашањето зошто го напуштила родното Скопје,го цитирал нивниот татко

“Ако е потребно ќе ги продадам и моите кошули само моето дете да заврши факултет”

На секој спомен кој го подсетува на неговата сестра тој се расплакува и ден денес.Длабоко погоден со големата семејна трагедија,тој истакнува дека  последниве неколку години тој е сосема сам.

Уснија знаела се што се случува во текот на последните денови од нејзиниот живот.И покрај големите болки кои ги трпела таа храбро се борела се до самиот крај.

“Не ме напуштајте,останете со мене.Јас умирам!Готова сум!Се борам колку што можам,но сакам да оздравам-рекла Уснија за српските медиуми,по што собрала сила за да продолжи:Секојдневно се мачам со неподносливи болки,тешко дишам.Состојбата многу ми се влоши.Лежам во кревет и не можам да седнам.Пробав да станам и да се движам,сакав да прошетам но не можам да ги поместам нозете.Доста сум ослабена.луѓето веќе не ме ни препознаваат,пијам само вода,немам сила да јадам”,биле зборовите на Уснија.

Погребана е во Скопје на 4-ти октомбар 2015 година.

 

.

 

 

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*