Последно збогум за Влатко Илиевски – семејството и пријателите денеска ќе го испратат во неговиот вечен дом

Познатиот македонски пејач и миленик на публиката, Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во автомобил, ќе биде погребан денеска , 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство.

Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот.

Како што соопшти МВР,на 06.07.2018 година околу 23.,00 часот во Скопје, на ул.„3-та Македонска бригада“, во патничко моторно возило „Тојота“ пронајден е починат В.И (33) од Скопје.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увид на екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*