Драгана Јовановска на „Славјански базар“ ќе пее за Македонија

Малата Драгана Јовановска од Куманово  ќе ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал  „Славјански базар“, кој почнува утре а ќе трае до 13 јули, и се  одржува во Витебск, Белорусија. Драгана е избрана од Светската асоцијација на фестивали ( WAF), како едно од многуте талентирани деца кои ќe запеат на овој реномиран и светски познат фестивал.

Драгана настапува две вечери. Првата е претставување на сопствената земја, кога че настапи со песната „За 100 години“ од Александра Јанева, додека втората вечер е вечер на светски хитови и Драгана во оваа вечер ќе ја пее песната „All I ask“  од Адел.

-Многу сум среќна и едвај чекам да запеам за Македонија. Ова не е мое прво искуство на интернационален фестивал, но е прв пат да учествувам на „Славјански базар“, вели Драгана.

Драгана има само 11 години. Јавноста ја запозна како дел од „Пинковите ѕвездички“.  Лани настапи и на  детскиот фестивал  „Езерски бисери“ во Струга, каде ги освои второто место, потоа „Ѓургевдански фестивал“ во Бања Лука, каде победи, па во Нови Сад на „Школкици“, каде го освои второто место. Пред неколку месеци, пак,  настапи и победи  на фестивалот  „Златни ѕвездички“ , кој се одржа во Владимир, во Русија. Сите фестивали на кои настапила и победувала Драгана се организирани од Светската организација на фестивали.

Талентот го наследи од мајка си, фолк пејачката Тањ Јовановска Трајкова а татко и е музичарот Млден Трајковски.

 

Извор: 7dena.mk

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*